Вработените на АД ЕСМ во сите капацитети низ државата одржаа работна акција во рамките на која се засадуваа дрвја и се собираше стара хартија. АД ЕСМ како општествено одговорна компанија вложува напори да помогне во различни сфери на живеењето дури и во услови на енергетска криза.Во рамките на акцијата, вработените во РЕК Битола и РЕК Осломеј спроведоа и акција за пошумување, чија цел е проширување на зелениот појас околу комбинатите за спречување на ширење на емисии на прашина кон населените места, како и со цел почист воздух за сите. Целта на засадувањето е и рекултивација на земјиштето на кое е веќе завршено ископувањето на јаглен и негово враќање во првобитна состојба.
АД ЕСМ: акција за пошумување во РЕК “Битола“
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)