Press "Enter" to skip to content

Отворен ден за идеи и предлози од граѓаните на Општина Битола

Како отворена и транспарентна општина, која работи согласно принципите на Советот на Европа за извонредност во управувањето, општина Битола продолжува со постојана комуникација и соработка со граѓаните во креирањето на општинскиот буџет за 2023 година, се одржа средба со граѓаните што дојдоа да ги дадат своите предлози за идниот развој на општината.-Во духот на транспарентноста, отчетноста и отвореноста со граѓаните општина Битола продолжува и понатаму. Впрочем за тоа добивме и високо признание за лидер во однос на транспарентноста и отчетноста. Во изминатиот месец веќе самоиницијативно имавме буџетски форуми на кои во 4 фази, 4 недели, 4 средби ги сумиравме и она што презентиравме е направено, меѓутоа уште повеќе идејата беше да се осознае и да се побара од граѓаните нови идеи, нови проекти. Значи поканети беа сите урбани заедници, беа невладини организации, медиуми беа поканети исто граѓаните секој со свои предлози да учествува, рече градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.-Имаме отворен ден на кој што исто така свои идеи и предлози даваат граѓаните на општина Битола.  Она што е проблем и  што треба да биде решено наредниот период да биде во рамките на можности на општина Битола. И во рамките на она што го планирал градоначалникот да биде внесено за да може да се подобри квалитетот на живот на луѓето кои што овие предлози ги даваат до општина Битола и да бидат вградени во следниот буџет. Значајно е да се истакне дека во изминатиот период од она што ме информираше градоначалникот на Битола, дека веќе се издиференцирале дел од работите и може да се каже дека за следната година ќе се изработува една индустриска улица во должина од 2400 метри, која што е од големо значење за луѓето кои што работат и живеат таму, и за претставниците на стопанската комора. Исто така ќе се изработуваат велосипедски патеки, меѓутоа ќе се стави акцент и на изградба на инфраструктура комунална, патна инфраструктура и навистина ќе се види дека општина Битола има разлика д она што било претходно, рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓи Сајковски.

More from ВестиMore posts in Вести »