Press "Enter" to skip to content

Димитар Караџовски: вечер победа, потоа максимално ангажирање до крај на полусезоната

Денес со почеток во 18,30 часот кошаркарите на Пелистер во Битола ја пречекуваат екипата на Кожув, на која со победа ја продолжуваат победничката серија во домашното првенство. Новата победа ќе биде седма по ред за екипата од Битола.

Димитар Караџовски за вечерашниот натпревар вели:

-Не очекува натпревар кој си има своја тежина како и секој првенствен натпревар и нема да биле лесно. Кожув има во своите рдедови двајца нови играчи, и до Битола доаѓаат после побед на свој терен. Тоа е за нив, а за нас ќе кажам дека играме дома, пред своја публика, имаме добар ритам. Иако сме малку уморни, мислам дека тоа нема да делува на играта вечерва, секако ни на резултатот и одиме на победа.

За преостанатиот дел од есенскиот дел на оваа сезона Караџовски додава:

-Секој од нас ќе даде максимум од себе за овој месец да го издржиме преостанатиот дел, и живи здрави, со позитивен “скор“ да ја дочекаме новогодишната пауза. Ќе се ангажираме сите да направиме што повеќе победи сега, за да си ја олесниме работата во пролетниот дел.

More from ВестиMore posts in Вести »