Press "Enter" to skip to content

Доделени наградите за локален волонтерски ангажман за 2022 година

По повод, 5 Декември – Меѓународниот ден на волонтерите, Советот за волонтерство на општина Битола, ја додели наградата за волонтерски ангажман во локалната заедница. Целта на доделувањето на оваа наградата е да се поттикне и промовира волонтерството во Битола, да се зголеми видливоста на волонтерите и позитивните волонтерски практики и да инспирира понатамошно унапредување и развој на волонтерството на локално ниво.

Наградата е од големо значење за признавање на граѓанскиот ангажман во подобрување на животот во локалната заедница.Добитници на наградата оваа година се: Ферзије Асановска, Валентина Соколовска, Марија Бошковска, наградени како волонтери за 2022 година, потоа Здружението за заштита од повеќе аспекти-ВИКТОРИ од Битола, наградено како организатор за волонтерска работа за 2022 година и Наташа Дарков – волонтерски координатор за 2022 година.

Наградите ги додели градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој им се заблагодари за нивното досегашно дејствување, посакувајќи уште многу успешни волонтерски активности во следниот период, за кои општината, секогаш е подготвена да ја обезбеди неопходната поддршка.

More from ВестиMore posts in Вести »