Press "Enter" to skip to content

Кошаркарите со нова победа во Битола, седма по ред во домашното првенство (фото)

Пелистер – Кожув 96:84

Вечерва во салата “Боро Чурлевски“ во Битола кошаркарите Пелистер забележаа нова победа и со новите бодови се израмнија со лидерот на табелата, екипата на Гостивар.“Пелистерци“ славеа со 96:84, во натпревар во кој немаше прилика за гостите да направат изненадување, иако играа добро на стартот во првите неколку минути, но победникот беше решен во првото полувреме.Екипата на Пелистер со добра серија дојде до солидно водство, а на крајот на првата четвртина беше 29:17, а на крај на полувремето беше 55:37, бидејки домашните кошаркари играа добро во нападот и посебно во одбраната.Гевгеличани добро почнаа и имаа 10:4 на стартот на третиот дел, но не направија нешто повеќе од тоа. Стајиќ се погрижи за дополнителен “мир“ во играта на Пелистер за 66:51 и за крај на третиот дел со слични 78:62. Во последната четвртина Пелистер играше рутински, а Марјан Илиевски ги внесе во игра сите кошаркари.Најмногу поени имаше Мустафица 24, а следува Карпентер со 17.

More from ВестиMore posts in Вести »