Press "Enter" to skip to content

МКЦ Битола додели Златен сертификат за волонтерство 2022 за Димче Каневче и “Кромберг и Шуберт“ (фотогалерија)

-Денес во Битола, во хотел “Милеиум“ беше одбележан 5-ти декември Меѓународниот ден на волонтерството во Битола со јавна дискусија и доделување на националната награда Златен
сертификат за волонтерство 2022.По повод 5-ти Декември – Меѓународниот ден на волонтерите, Младински културен центар – Битола во склоп на проектот „Локален волонтерски сервис Битола“ организираше јавна дискусија со наслов „Волонтирање на фестивали vs. волонтирање во заедницата“.Целта на дискусијата беше да се разговара за предизвиците и трендот на младите да волонтираат на фестивали и да се дискутираат различните методи и алатки кои можат да ги мотивираат младите како да се активираат во волонтирање во заедницата. На дискусијата беа презентирани искуствата на граѓанските организации, општина Битола, јавни институции и волонтери за ангажман на волонтери во своето работење. Беше истакната заложбата за унапредување на системот за квалитетен волонтерски менаџмент во организациите како основа за подолгорочен ангажман на волонтерите и нивно задржување за волонтирање во заедницата.Волонтирањето на фестивалите е одлична почетна точка за активирање на младите како волонтери, но предизвикот останува како да се одржи таа нивна волонтерска енергија за континуирани волонтерски активности во локалната заедница во текот на целата година.На настанот се се додели и националната награда „Златен сертификат за волонтерство во 2022 година“ што од 2006 година, традиционално ја доделува Младински културен центар – Битола.Златен сертификат за волонтерство 2022 за Димче Каневче – активист, хуманитерец и волонтер од Охрид.Димче е медиум за инспирација и поврзување. Димче од локална охридска приказна последниве неколку години прерасна во национален медиум кој придонесува за заедницата која е сè поширока секој ден. Поддржува институции за стари лица и за деца, поддржува семејства и поединци, подава рака секаде каде што е потребно, а за каузата обединува бизниси и поединци од цела држава и надвор од неа. Димче има иницирано и поддржано многу донации и акции за донирање на училишен прибор, облека, обувки, очила, организација на тематски детски родендени, илјадници дневни оброци, постелнини, компјутери, телеизори. Негова карактеристика се добротворните журки кои ги организра и со кои придонесува за видливо подобрување на условите за функционирање онаму каде што е најпотребно.Златен сертификат за волонтерство 2022 се доделува за волонтерската акција „Крошу шума“ на “Кромберг и Шуберт“.“Кромберг и Шуберт“ е компанија која во ноември 2022 година ја реализира волонтерската акција “Крошу шума! 5300 вработени – 5300 садници!“ 5300 садници се посадија во областа Бел Камен – Крклино каде вработените во фабриката во соработка со Македонски шуми посадија мешовити садници од црн бор и даб за подобар квалитет на воздухот и спречување на ерозијата на земјиштето. Компанијата е одличен пример за корпоративно волонтирање и ангажман на вработените за подобрување на условите за живот во локалната заедница.-Главната цел на проектот „Локален волонтерски сервис Битола“ е зајакнување на граѓанското учество и учеството на младите во развојот на локалната заедница преку волонтерство. Формирањето на Локалниот волонтерски сервис Битола претставува логичен чекор напред во градењето и унапредувањето на постоечките иницијативи и практики во Битола од областа на волонтерството коишто во најголем дел се одвоени, независни и без координација. Очекувани резултати од проектот се формиран (воспоставен) функционален
локален волонтерски сервис во Битола, идентификувани 5 локални проблеми и преземени 5 волонтерски акции за подобрување на условите за живот во Битола, инспирирани и вклучени 200 млади во волонтерски активности. Преку овие активности и планираната кампања за промоција на волонтирањето се очекува да се оствари промена во генералниот однос и перцепциите на младите во однос на волонтирањето, зајакнување на нивното знаење за придобивки од волонтирањето, а со тоа да се зајакне и учеството на младите во развојот на локалната заедница, рече  Марија Мерковска-Крушаревска, МКЦ – Битола Координаторка на проектот „Локален волонтерски сервис Битола“.Проектот „Локален волонтерски сервис Битола“ на Младински културен центар – Битола во партнерство со СФЕРА Интереншанал се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во партнерство со Општина Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »