Во рамките на одбележувањето на патрониот празник на НУУБ “Св. Климент Охридски“од Битола вечерва се одржа средба со д-р Жарко Костиќ – мотивационен говорник од Скопје.Поради големиот интерес за следење на предавањето гостинот од Скопје на тема “Како да го вратиме оптимизмот за животот? Како да бидеме мотивирани да размислуваме позитивно?“ настанот се одвиваше во двете сали.
Д-р Костиќ зборуваше во живо во новата сала за промоции, а во старата сала за промоции присутните го следеа преку видео-бим.
-Изминативе неколку години поминуваме низ турбулентен период, кој е стресен за многумина. Периодот за време на короната, посковид периодот, економските кризи, поскапувања, војни во светот, се само дел од причините кои свесно или несвесно влијаеја на секој од нас. Но за да не биде се така црно или сиво, мораме да најдеме начин да го вратиме оптимизмот за животот, нашите мисли да бидат позитивни и секој ден да го почнуваме со убава насмевка на нашето лице, ќе каже д-р Костиќ.

Вечерва во Библиотеката во Битола повеќе од 200 посетители на предавањето на мотивациониот говорник д-р Жарко Костиќ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- КК Пелистер по завршената сезона: лекцијата е научена, следната сезона ќе биде сезона на КК Пелистер, клубот е поставен на здрави темели
- Билтен на МВР: 72 годишник крадел засилувачи за интернет на А1, полицијата го уапси
- Првиот ракометен трофеј оваа сезона во Битола – го донесоа кадетите на Еурофарм Пелистер
- “Креативен ден 2025“ во Битола – претставување на учесниците од СУГС “Кочо Рацин“- Скопје
- На Педагошкиот факултет во Битола прв доктор на науки за надарени и талентирани во Битола (фото)