Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола претставуван од ректорот, проф. д-р Игор Неделковски и Македонско – американската алумни асоцијација застапувана од претседателката, Верица Јорданова, денес потпишаа Меморандум за соработка.
Меморандумот претставува платформа за постојана размена на искуства и информации за продлабочување на меѓусебната соработката во повеќе области. Содржината ќе се остварува со поддршка од досегашните, но и идни алумнисти на УКЛО, кои ги користеле или ќе ги користат образовните програми на Владата на САД.
Според ректорот Неделковски, со договорот, УКЛО И МААА планираат поширока соработка со вклучување на граѓанскиот сектор и невладини организации за аплицирање во проекти и организирање заеднички настани со поддршка од алумнистите.
Верица Јорданова од МААА оценува дека соработката со државните универзитети е многу важна затоа што од академијата доаѓаат најдобри кандидати за програмите и по нивното враќање имаат на располагање голем број фондови и програми во САД чија промоција со Меморандумот ќе биде пошироко овозможена.
МААА е „чадор“ организација во којашто учествуваат лица што оствариле едукативна програма во САД и во моментот има околу 500 членови.
Меморандум за соработка меѓу УКЛО и МААА е потпишан во Студентскиот информативен центар. Претходно, за студентите и академските кадри од УКЛО одржана е презентација на можности за студирање во САД, во организација на Амбасадата на САД.

Потпишан Меморандум за соработка меѓу УКЛО и Македонско – американската алумни асоцијација (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание
- Во Битола во тек е првиот кинески филмски фестивал
- Во Битола сончево и релативно топло, температурата до 23 степени
- Претреси поради сомненија на трговија со влијание на обвинител
- Еурофарм Пелистер имаше +3 во Гдањск, но во Битола носи само бод, Кузмановски постигна 15 гола





