Press "Enter" to skip to content

ЈКП “Нискоградба“ – Битола: жителите на Трново за изведба на приклучок за канализација да се јават во техничка служба

ЈКП “Нискоградба“ ги известува  жителите од село Трново дека  КЈП “Нискоградба“ – Битола работи на објект – Изградба на фекална канализација во с. Трново профил 1, профил 16, профил 17, согласно договорот со Општина Битола со арх. бр 08-610/1 од 07.06.2022 г.

Сите жители од село Трново кои имаат објекти или парцели на споменатите краци, за изведба на приклучок за канализација да се јават во техничка служба на КЈП  Нискоградба да потпишат барање и  договор за изведба.

Напомена: Приклучокот за канализација  е обврска на секој  жител спрема законот  за СРМ.

More from ВестиMore posts in Вести »