Press "Enter" to skip to content

22. детски музички фестивал “ТРА ЛА ЛА“ – празник на детската песна (фото-видео најава)

На 14.12.2022 година во Големата сала при Центарот за култура во Битола ќе се одржи 22-то издание на детскиот музички фестивал “ТРА ЛА ЛА“ Битолафестивал кој е дел од Програмата на општината Битола од областа на културата.

На фестивалот учествуваат дванаесет нови ѕвездички кои ќе исполнат новокомпонирани авторски детски песни, нови хитови кои од 2000 година па се до денес им даваат белег на оваа најголема детска манифестација во нашиот град.

Почетокот на претставите за организирано следење на фестивалот од училиштата од нашата и околните општини е 9:30, 11:30 и 13:30 часот, додека финалната претстава е со почеток од 19:30 часот.

Нашите долгогодишни пријатели на фестивалот “ТРА ЛА ЛА“, најдобрата вода “Ladna“, на секој посетител на фестивалот ќе им подари вода од 0,33л, а туристичката агенција “АРИЕС“ од нашиот град на најсреќниот учесник на фестивалот ќе подари ваучер за бесплатно летовање за целото семејство во Лефкада.

Ве очекуваме на 14.12.2022 во Центарот за култура во Битола и се надеваме дека ќе имаме прекрасна детска журка или како што се вели во химната на фестивалот:

ТРА ЛА ЛА, журка голема, за сите деца и од Бога благословена,

“ТРА ЛА ЛА“, пејте бескрајно, со песна ќе Ви биде полесно

Јас ја сакам Битола! Ве очекуваме!