Оваа година по 33. пат училиште “Св. Климент Охридски“ од Битола го прослави својот патронен празник. По тој повод се реализира посебна пригодна програма која беше поделена во два дела.
Во утринската програма која се реализира во просториите на училиштето, стручните активи активно се вклучија во одбележувањето на Денот на училиштето преку ликовни работилници, музички и сценски настапи, пишување на пароли, видео презентации и спортски активности кои беа во склоп на мотото “Да си подадеме рака“.
Во вториот дел од одбележувањето на Патронатот во присуство на заменик градоначалникот на Општина Битола, претставници од Советот на Општина Битола, гостите од збратименото училиште “Григор Прличев“ од Охрид, поранешни и сегашни наставници, родители и ученици во преполната сала на Народниот театар во Битола.
Под раководство на своите ментори нашите ученици се претставија со свои точки, а на почетокот на приредбата директорот Предраг Созовски на сите им го честита празникот Св. Климент Охридски, а на учениците и наставниците и на сите вработени во училиштето им го честита патрониот празник.
На сцената свои точки имаа хорот и оркестарот на училиштето, драмската и балетската секција, рецитал, а публиката имааше можност да ги чуе и види наградените ученици од литературниот и ликовниот конкурс.
Сите учесници беа наградени со огромен аплауз од присутната публика што претставува мотив за и следната година достојно да го продолжиме делото на нивниот Патрон.

ОУ “Св. Климент Охридски“ Битола со низа свечености го прослави патрониот празник (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Македонската култура повторно победува: голема меѓународна награда за Зоран Пејковски од Битола – директор на КИЦ во Софија
- СВР Битола: два моторциклисти возеле без возачка и еден и нерегистриран мопед, битолчанец возел без “голф“ без возачка
- Една година работа, нова мисија за побезбедни патишта
- Општина Битола: јавен повик за поддршка на лица со попречености преку здруженија на граѓани
- Во Битола сончево и топло, попладне услови за нестабилност, температурата до 27 степени





