Press "Enter" to skip to content

Во петок, во пазар, урбани приказни со Кекело… Лелееееее… Зошто?

Имаше Битола и еден кафич, кој уште во девеесеттите беше пред време стасан до денешни денови. Натре беше скоро жива темница.

Новите гости, ќе стигнеа некако до шанко, и прво прашање до персонало беше:

-Штедите струја?

Натре имаше толку светлина – колку да не се сопниш и отепаш, било од инвентаро било од некој гостин. Инвентаро беше, во најмала рака, разноразен. Имаше неколку слични по изглед маси, столиците мислам дека сопствениците си ги донесоја од визбите шо ги имаја остаено, шо не ги користат подома, па ајде во кафичо ќе се најдат, за седење. Или за сопнување.

Една соба со миндери беше така поќе осветлена, арно ама ај стигни до неа? Гледаш во темницата светло таму има и тргнуваш полека, како на јајца да газиш. Тие шо пушеа цигари беа во предност. Палеа упаљачо и гледаа по земји кај газат. А подот? Душеме, од штици, кузне од кога напраен, од пред рато шо се вели, ко била куќата напраена. Криви штици, со дупки, негде му фали парче. Душа дал за виткање глуждој.

Летна вечер, еден дечко се напрај летва, дрво, камен пијан. Дома има дедо многу болен, брза помош секој ден иди инфузии му дава. Докторите велеа ќе се накрени, треба уште малку време.

Затвора кафичо кај три сато сабајле, излегва дечкото и трга накај дома, пешки, со потпирање по ѕидојте, оти улицата мрда де лево де десно. Пато до дома го носи преку Ленски Мос низ чаршија. Тука на влезо од чаршијата имаше дуќан за ќиури, тамам ги делеше двете улици, лево кај Јавор, десно кај Ат Пазар.

Преку ден, ко беше отворен, имаше изложено ќиури, отворени и затворени (ќиур е мртовечки сандак) и дрвени надгробни крстој. Со еден ќиур одеше и еден дрвен крст. Имаше и еден пластичен шо личеше како од мермер да е праен, за пример служеше, ако некој сака да нарача и таков мермерен, да види како ќе личи.

Ко ќе затвореа, ќиурите и дрвените крстој ги собираја во дуќано, да не ги укради некој (???)

Тој пластичнио крст, го имаја врзано со тељ, и не го клаваја во дуќано, стоеше стално надвор.

Дечкото стига до дуќано, го гледа крсто пластичен, го зема и со крсто под мишка продолжува пато за дома. Стига дома в куќа, три и пол сато дојде, сите спијат, го остава крсто пластичен во ходнико, отвора една соба, влегва накратко и излегва, и право во својата соба на спиење.

Кај шес сато слуша вриштење по дома, мајка му, во ходнико, пишти:

– Лелееееее… Зоштооооо…. Лелееее мори мајкооооооо….

Така пиштејќи влегва мајка му во собата, избезумена, го треси дечкото за рамења, да го разбуди:

– Стани брзо. ОДМА. Дедо ти умреее…. Лелееееее…..

– Како бе умре? Од кај знајш?

– Ете крст донесол татко ти сабајле во ходнико. Лелеееее….

– Оди бе остај ме да спијам. „Лелее, зошто“. Оди кај дедо, види го. Јас го проверив во три и пол сабајле, спиеше.

Мајка му стаписана, со лице претворен во прашалник?

– А крсто во ходнико?

– Јас го дојсов.

И се покри преку гла со чаршаво да продолжи да спие.

More from ВестиMore posts in Вести »