Press "Enter" to skip to content

Пет поранешни ректори ќе бидат дел од Советот на ректори на УКЛО Битола

Пет поранешни ректори на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ Битола беа присутни на првиот состанок за формирање на Совет на ректори, во кој ќе членуваат сите поранешни ректори на УКЛО и кој совет ќе биде советодавно тело на актуелниот ректор. 

На првиот состанок кој се одржа во кабинетот на ректорот на УКЛО  проф. д-р Игор Неделковски, беа присутни проф. д-р Димко Кокаровски, проф. д-р Софроние Миладиновски, проф. д-р Златко Жоглев и проф. д-р Сашо Коруновски. Професорката д-р Виолета Пановска – Бошкоска, беше спречена да присуствува на состанокот но ја прифатила поканата са биде дел од Советот на ректори.

Актуелниот ректор Неделковски посочи дека посебно му е мило што сите се витални и нивните совети ќе бидат корисни за неговата работа и УКЛО.