Во Битола, во “Порта Џез“ свечено беше доделена наградата “Европска личност на годината“ за 2021 година на параолимписка, светска и европска шампионка Оливера Накова Биковска, која ја доделува “Европското движење“, најстара невладина организација во нашата држава, формирана во 1991 година.Наградата и беше доделена на дебатата на тема: „Спортот во македонското општество: Имаме ли соодветен пристап кон спортот и физичката култура?“, во која покрај Накова Биковска, учествуваа и професори по физичка култура, универзитетски професори, млади спортисти, ученици, студенти и членови на Европското движење во Република Македонија.Инаку, со признанието „Европска личност на годината“ им се оддава признание на поединци, кои со своето делување, исто така, ја приближуваат Македонија до ЕУ. Ова признание досега го добија Ана Дурловски, Борис Трајанов, Борис Трајковски, Вања Ефремова, Влатко Стефановски, Живко Мукаетов, Јован Балов, Луан Старова, Љупчо Коцарев, Радмила Шеќеринска, Сашко Коцев, Симон Трпчевски, Тоше Проески, Горан Пандев, Илир Демири и други.
“Европското движење“ Оливера Накова Биковска ја прогласи за “Европска личност на годината“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)