Press "Enter" to skip to content

Во “OUTDOOR BRANDS“ опрема за скијање за деца и возрасни за сезоната на скијање

На прагот на скијачката сезона во “OUTDOOR BRANDS“ покрај  опрема за скијање за возрасни, сега може да најдете и опрема за деца.

Сопствениците  Александар Христовски и Кристијан Башовски, едниот живее и работи во Холандија од каде се набавува најголем дел од робата и другиот задолжен за продажба тука,низ разговор кажаа:

-Точно навреме со доаѓањето на снегот и сезоната на скијање, набавивме квалитетна опрема за скијање за деца и секако и за возрасни. Виндјакни, пантолони за скијање од  најдобрите брендови ќе ги најдете кај нас во “OUTDOOR BRANDS“. Ќе кажам само дека во нашата продавница  брендираната роба од “second hand“ е со врвен квалитет и поволни цени. Ја набавуваме од Холандија Западна Европа.Покрај сега актуелната зимска опрема за скијање, во  “OUTDOOR BRANDS“ има добри јакни во спортски, урбан, кежуал стил. Исто така има и јакни, пантолони односно цела опрема за планинарењ и лов од најпознати амерички брендови.Брендирана облека од “North face“,“Jack Wolfskin“, “Mammut“, “Columbia“…може да  набавите по прикладни цени во “OUTDOOR BRANDS“ на улица “Васко Карангелевски“ број 52  во зграда “Декорпод“.