Press "Enter" to skip to content

Двете екипи на Еурофарм Пелистер победија во Битола во натпревари од Купот на Македонија (фото)

Еурофарм Пелистер  – Текстилец 45:19

Еурофарм Пелистер 2 – Шампион 41:12Двете ракометни екипи од Битола, Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 денес во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола играа натпревари од ракометниот куп и очекувано победија.  Еурофарм Пелистер  славеше над тимот на Текстилец со резултат 45:19, а насрапи со комбиниран тим кој го водеше помошникот Божидар Мојсов. “Пелистерци“ игра без дел од странците кои одмора и беа Пешевски.  Во тимот на Еурофарм Пелистер играа Ристевски, Кизиќ, Ојлески 1, Маџовски 5, Кузманоски 5, Стоилевски 14, Радовиќ, Танкоски, Хосни, Костески 7, Кукоски 2, Ѓорговски 3, Васиљев 6, Хенеберг 1, Пав. Атанасијевиќ 1.  Стоилевски постигна 14 гола и беше убедливо прв стрелец, а потоа следува Костески со 7, а Кузманоски и Маџовски со по 5 гола.  Еурофарм Пелистер 2 славеше висока победа од 41:12, полувреме 20:6, против десеткуваната екипа на Шампион, кои во Битола дојдоа со десет ракометари. Најефикасен кај Еурофарм Пелистер 2 Самоил Ристевски со 10 гола, а следуваат Митревски со 7 и Југовски со 6 гола.

More from ВестиMore posts in Вести »