Д-р Васил Чипуровски, информира за кои прегледи и испитувања може да ги направите со најсовремени апарати од медицината. Со овие информации добиваме и стручни совети за интернистички заболувања, нивно откривање и понатамошно третирање, за кои постои голема заинтересираност кај читателите, а овој пат д-р Чипуровски ќе се осврне тумори на мочен меур, за што вели:
-Tуморите на мочниот меур се формираат кога ДНК во клетките на мочниот меур ќе ја загубат способноста на контрола врз растот и делењето на клетките поради дадени мутации и настанува нивен абнормален променет раст. Постојат бенигни и малигни тумори на мочниот меур од кој најчест е уротелиалниот карцином во САД. Најчесто туморите на v.urinariae се јавуваат на 73 годишна возраст кај 1 од 27 лица кај мажи и 1 од 89 лица кај жени. Причини се најчесто хронични иритации на мочниот меур од хронични инфекции долготрајно користење на катетер итн.Клиничката презентација е со макроскопски видлива хематурија -крв во мокрача и микроскопска која можи да се докажи само лабораториски,како и присутна болка супрапубична.
Дијагностички покрај ехо на уринарен тракт, РНГ, ИВУриграфија, најзначајна е пред се цистоскопијата која може да биде и интервентна за отстранување на туморот доколку е во почетни стадиуми.