Press "Enter" to skip to content

Учениците од Горната Гимназијата од Битола со активизам против насилство врз жените и девојчињата (фотогалерија)

Холот на гимназијата “Јосип Броз Тито“ во Битола исполнет со ученици кои гласно говореа, читаа силни пораки против насилството врз жените и девојчињата. Подигнувајќи ја свеста да не се молчи за оваа тема. На ѕидовите ликовни творби со исти пораки. Во деновите на активизам од 25 ноември до 9 декември, учениците од Младинскиот актив со поддршка на  стручната служба  ги поттикнаа  учениците на разновидни активности.  Учениците заедно со своите ментори: професорите по македонски јазик, музичка и ликовна зедоа учество на литературен и ликовен конкурс.Завршен поетско – музички настан се одржа на 9 декември пред присутните: директорката на гимназијата, заменик директор, членови на  стручна служба, претставници на Општина Битола и  Општинскиот совет за детско престапништво, медиуми, професори, ученици, родители, гости…На настанот  исто така им беа доделени  награди на учениците кои учествуваа  на литературниот и ликовниот конкурс. Бендот на гимназијата со неколку нумери во изведба на ученици, допринесе за музичкиот дел и добра атмосфера на настанот. На настанот директорката Лидија Споа се обрати кон присутните:-Ви се обраќам со огромна благодарност и почит за тоа што сте тука денес, заедно да ја одбележиме оваа кампања посветена на борба против насилството врз жените и девјчињата. Би сакала да истакнам дека мене какао директор ми претставува особена чест што во моментот пред нас стојат свесни, храбри и гласни млади луѓе, нашите ученици! За жал, процентот на жени сведоци и жртви на некаков вид насилство е многу висок. Во процесот на справување сп проблемот, важно е да делуваме заедно. Само на тој начин, би можеле да ја подигнеме свесноста кај луѓето, и да го намалиме насилството, за зошто и да не го искорениме. Се надевам дека и во иднина сонаша помош и креативноста на нашите ученици, ќе продолжиме да зборуваме за проблемите за да создадеме подобар свет исполнет со среќни моменти.Заменик градоначалникот на Битола, Бојан Бојковски ги поздрави присутните им честита за организацијата на настанот и порача дека треба да има нулта толеранција за секаков вид на насилство, ососбено за родово базирано насилство. Нулта толеранција за насилство врз жените и девојчињата, а општина Битола секогаш ќе биде на страна на жените и девојчињата и ќе бид дел од сите активности за спречување на насилството.Учениците од Младинскиот актив активно беа вклучени во деновите на активизам, а претседателот  Мартин Кочишки возбудено ни изјави:– Оваа година сум избран за претседател на Младинскиот актив, ученик сум во 3 година во оваа гимназија и сметам дека се наоѓам пред голем предизвик. Сакам да допринесам поттикнувајќи многу теми за проекти. Ќе нагласам дека имаме голема поддршка од стручната служба во училиштето. Така се вклучивме во Општинскиот совет за детско престапништво каде ја дадовме иницијативата за оваа кампања. Беше позитивно прифатена и започнувцајќи од 25 ноември Ден на борба против секеков вид насилство, па се до 9  декември вкупно 16 дена дена активизам против насилството врз жените и девојчињата. Поттикнавме една кампања каде низ пораки, литературни творби – есеи, песни… уметнички творби, учениците  се вклучија против насилството.  Се разбира најголема поддршка  добиваме од  нашата директорка. Во истата иницијатива со нас беа и учениците правобранители.Евгенија Маслинко, ученик правобранител, додаде:-Чест ни беше да учествуваме во овој проект како правобранители. Органзиаравме работилници на оваа тема во текот не деновите на активизам. Насилството постои и не е така лесно да се искорени. Со активностите што се случуваа деновиве  дадовме еден мал придонес, но се надеваме дека на некој начин  ја подигнавме свеста за овој проблем. Подигање на свеста кај сите особено кај жртвите да не се молчи.Иницијативите за многу проекти започнуваат од учениците на оваа гимназија. Со многу други иницијативи на Младинскиот актив, правобранителот со поддршка на стручната служба и професорите во ова средно училиште, не очекуваат уште многу други проекти од учениците, за кои во иднина ќе пишуваме.

Жанета Ристевска

Фото: Д.Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »