Press "Enter" to skip to content

Пелистер победи на гости во последното коло во есенскиот дел на Втората лига

Саса – Пелистер 1:2 (1:2)

Фудбалерите на Пелистер од Битола, во Македонска Каменица, го одиграа и победија на последниот есенски натпревар во Втората фудбалска лига на Македонија, против екипата на Саса со 1:2, полувреме 1:2.

Стрелец на головите беа Христијан Драгарски, а вториот гол беше автогол на домашната екипа. 

По 15 одиграни натпревари во есенскиот дел екипата на Пелистер е на 4. место на табелата со 30 бодови, а есенски првак е екипата на Гостивар со 37 бода. На второ место е Вардар со 36 бода, а Воска е на третото место со 35 бодови.

 
More from ВестиMore posts in Вести »