Саса – Пелистер 1:2 (1:2)
Фудбалерите на Пелистер од Битола, во Македонска Каменица, го одиграа и победија на последниот есенски натпревар во Втората фудбалска лига на Македонија, против екипата на Саса со 1:2, полувреме 1:2.
Стрелец на головите беа Христијан Драгарски, а вториот гол беше автогол на домашната екипа.
По 15 одиграни натпревари во есенскиот дел екипата на Пелистер е на 4. место на табелата со 30 бодови, а есенски првак е екипата на Гостивар со 37 бода. На второ место е Вардар со 36 бода, а Воска е на третото место со 35 бодови.