Press "Enter" to skip to content

Во Битола променливо облачно со повремен слаб дожд, од утре значително заладување

Денес, понеделник, 12 декември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со повремен локален слаб дожд. Ќе дува умерен ветер претежно од југозападен правец. Температурата во Битола до 10 степени.

Утре, вторник, 13 декември, во Битола, времето ќе биде шроменливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 6 степени.

More from ВестиMore posts in Вести »