Press "Enter" to skip to content

Гоце Ојлевски: лошо одигравме во Шпанија, очекувам оваа полусезона да ја заокружеме со победа во Битола

Утре во Битола ракометрите на Еурофарм Пелистер ќе го одиграат последниот меѓународен натпревар во оваа календарска година, во рамките на Европската лига, против екипата на Бисадоа Ирун.

Ракометарот Гоце Ојлески, на денешната средба со новинарите рече:

-Се подготвуваме, го анализираме претходниот натпревар кој го игравме во Шпанија, каде навистина одигравме лошо. Се надевам дека утре со нови сили, цел тим ќе даде максимум и ќе се израдуваме на победа на домашен терен. Очекувам да ја заокружиме оваа полусезона со победа. Бидасоа Ирун има искусни ракометари, како што е Агинагалде, играат шпански систем на ракомет, кој можеби не е толку атрактивен за гледање, но секој си ја знае работата, добро се воиграни и носи резултати. Верувам дека имаме свои шанси и се надевам на победа.

More from ВестиMore posts in Вести »