Press "Enter" to skip to content

Со победа во гости над Феникс продолжува победничката серија на Пелистер

Феникс 2010 – Пелистер 60:73

Кошаркарите на Пелистер од Битола ја продолжија победничката серија, а овој пат, во 9. коло, победија на гостувањето кај Феникс 2010 со резултат 60:73, а ова е осма победа во низа, после поразот во првото коло.

Стартот на натпреварот беше во знак на Пелистер, а првата четвртина заврши со +8 (16:24), кога двоецот Мустафица-Хаџифејзовиќ одигра одлично во раната фаза од натпреварот. На почетокот на вториот период, по две минути, Пелистер поведе и со уште повисоки, 30:18. Но со серија од (9:2), Феникс 2010 успеа да се врати назад во натпреварот, поточно да намали на (27:32), кога се играше 15. минута. Екипата од Битола имаше многу подобар финиш во првото полувреме и со контра-серија, 11:1, беше 45:35 се отиде на одмор.

Во продолжениеот домаќините се доближија на достижни 47:51, а потоа “пелистерци“ ја вратија предноста на двоцифрени, 47:57, потоа дојдоа и до највисоки 60:47, како и што заврши третата четвртина. Во последната четвртина “пелистерци“ играа трпеливо, на долги напади, максимално го искористија своето искуство за нова победа во низа.

Најефикасен кај Пелистер беше Карутерс со 17, следуваат Хаџифејзовиќ со 15, Мустафица и Стајиќ по 13.

 
More from ВестиMore posts in Вести »