Press "Enter" to skip to content

Во Битола отворен првиот центар за физиотерапија и роботика во Македонија (фотогалерија)

Во Битола се отвори првиот центар за физиотерапија и роботика на нашите простори, кој е во сопственост на Ивана Дамјановска.Дамјановска за тоа како дошла до идејата за отворање на центар од овај тип и да биде првиот центар во Македонија, не отворањето рече:-Тешкиот пат кој го поминував со мојата мајка Лидија Ристевска, е иницијативата и идејата за овај центар, да го олеснам патот на сите лица кои имаат невролошки проблеми или други состојби, да не патуваат далеку од дома, својата рехабилитација да ја спроведуваат на нивните простори, да го зборуваат мајчиниот јазик, да се осеќаат пријатно и дома. Секогаш на крајот, дома си е дома. Од овај центар посакувам многу здрави пациенти да излегуваат со помош на нашата рехабилитација.Дамјановска се заблагодари и од името на целиот тим, и нагласи дека со високите стандарди кои ги исполнува објектот, пациентите на овај центар ќе имаат можност за успешно рехабилитирање, квалитетна услуга, и исполнети денови.