Press "Enter" to skip to content

“Стари легенди за нови генерации“, промоција на сликовници за најмладите битолчани

Денес во киното “Манаки“ во Битола беа промовирани новите сликовници насловени “Стари легенди за нови генерации“.

Како испирација за овие нови сликовници повторно, по кој знае кој пат, беше Битола, или како истакнуваат од Културно информатовниот центар Битола, таа е вечна инспирација за генерации на битолчани.Во овие сликовници “Стари легенди за нови генерации“ младите битолчани ќе се запознаат со богата историја, митови, легенди, знаменитости и обичаии на Битола.

На денешната промоција присутвуваа нашите најмлади сограѓани, учениците од ОУ “Стив Наумов“, а целиот настан беше во организација на “ГИГАРТ“ и поддржан од Општина Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »