Press "Enter" to skip to content

“Сфера Интернешнал“ со проект за вештини и компетенции за промовирање активно граѓанство на младите

“Сфера Интернешнал“ е партнер во проектот СОРАБОТКА ЗА МЛАДИНСКА ИНТЕГРАЦИЈА (CO4YOU) кој има за цел да се зајакне партнерската работа преку соработка меѓу организациите: Centro di Studi ed Iniziative Culturali “Pio La Torre” ONLUS (Палермо, Италија), Crossing Borders (Копенхаген, Данска), Fundacio Privada Ficat (Барселона, Шпанија), кои работат на младинско поле и имаат различно знаење и искуство, зајакнувајќи ги заедничките вредности во процесот со кој ја зајакнува стручноста на секој партнер, стимулирајќи и развивајќи европски патеки за активно граѓанство за млади имигранти кои живеат во партнерските земји.

На крајот на проектот се очекува дека: секоја партнерска организација има зголемени вештини и компетенции за промовирање активно граѓанство на младите, секоја партнерска организација ја зајакнала локалната и европската партнерска мрежа.

Како дел од активностите претставници од Сфера учествуваа на  состанок во Брисел, Белгија во Европската комисија каде беше одржана средба со помошниците на претседателката на комитетот. Како организации се претставивме во Европскиот парламент и таму беше објаснето повеќе за проектот, каде што се разговараше за правата на проектот. Зградата на парламентот имаше и музеј за историјата на парламентите и како тие станаа она што се денес.

Едно од прашањата што младите го покренаа на состаноците беше како може да се скрати растојанието меѓу младите граѓани и институциите на ЕУ и како да се дојде директно до срцето на институциите без посредник. Во овој случај, г-дин Де Граси укажа на Младинскиот портал на ЕУ додека им се обрати во врска со новиот инструмент за кој моментално се дискутира и наскоро беше донесен од Комисијата на ЕУ. 

Проектот e финансиран од Agenzia nazionale per i giovani (ANG) и координиран од Pio La Torre Study Center од Италија како дел од програмата Еразмус плус