-Лонгони од Битола екипен првак, а од идната сезона во “А“ дизизијата ќе има шест битолани од вкупно 16 билијард играчи.
Се одржа и последниот турнир во билјард, со што се затвори овогодишната сезона во “American pool billiard“, а се одржа во “Гран клуб“ во Скопје и тоа на најдобар можен начин за билјард клуб Лонгони од Битола, а екипата на Лонгони е екипен првак.
Билјард играчите од Битола беа претставен со две екипи, а Лонгони на убедлив начин го освои првото место и стави круна на сезоната што помина. Екипите беа претставени со тројца играчи и тоа Златко Ицаноски – Пепел, Теодор Најденов – Фантом и Христо Василевски.
-Битолските билјард играчи беа супериорни, а во финалето беа совладани нашите соседи и спортски ривали но и големи пријатели, екипата од Прилеп. Тројцата наши играчи догодина ќе играат во “А“ дивизијата и ова е голем поттик за и во поединечна конкуренција да постигнат резултати бидејќи за Ицановски и Најденов тоа ќе биде дебитантска сезона, вели Панчо Думевски.-Во рамките на екипното првенство се одржа и свечена церемонија на кое се доделија главните награди. Прво место за Дејан Сипкоски инаку наш најтрофеен билјард играч на кого ова му беше и последен турнир, а битолскиот клуб во оваа прилика му го честита овој успех и му посакува многу успеси на новата функција а, тоа е претседател на билјардската федерација на Македонија, вели Панчо Думевски, кој за “Б“ дивизијата додаде:
-Пехарот во “Б“ дивизијата и сите почести беа за Златко Ицаноски од Битола. Куриозитет беше тоа што првото беше освоено без ниедно прво место нешто слично како и познатиот француски ас во формула 1, па често во клубот може да се чуе дека тој е битолскиот Алан Прост.
Минатиот месец се играше и седмиот и последен Мастерс “А“ и “Б“ дивизија во дисциплина “9-ка“, а Христо Василевски беше финалист. Во “Б“ дивизијата Ицаноски го потврди првото место, а Најденов второто место кое што од поодамна им беше обезбеден, а со тоа и учеството во елитата.
До крајот останува уште Турнир во Јуниорска конкуренција, а Битола ќе биде претставена од Филип Трајчевски и Илија Димовски.