Press "Enter" to skip to content

Валтер и Ојлевски на прес-конференција: бод кој многу значи во расплетот во групата

Екипата на Еурофарм Пелистер, синоќа во Битола, го запиша првиот бод пред домашната публика во новата сезона во Европската лига, а на задолжителната прес-конференција зборуваа тренерот Ларс Валтер и Гоце Ојлевски. 

Валтер, тренерот на Еурофарм Пелистер ги искажа своите импресии од вечерашната средба со шпанскиот тим и рече:-Благодарност до публиката која што дојде на трибините и ни даде поддршка која што многу ни значеше. Добро го почнавме натпреварот, одлично трчавме без топка и имавме поволен резултат. Но, во вториот дел се почувствува тоа што Хосни не тренираше еден месец, исто така и Дејвис, Хенеберг после болест немаше енергија, а се повреди и Кукоски. Па падот во нашата игра беше очекуван.  Но и покрај сите проблеми успеавме да се вратиме и да освоиме бод. Како што рече мојот колега, овој бод може многу да значи во понатамошниот расплет во групата. Мислам дека сме на правиот пат. Ако денес овој бод изгледа како лош резултат, сигурен сум дека за неколку дена ќе изгледа многу подобро.

Гоце Ојлевски еден од најискусните ракометари во клубот искажа жалење што неговиот тим со победа не ја заврши полусезоната во Европската лигаи додаде:-Мислам дека одигравме добар натпревар, имавме и добри и лоши моменти. Сакавме со победа да ја завршивме полусезоната, но се почувствува тој замор и добро е што се вративме и освоивме бод. Мислам дека треба да бидеме задоволни.

По шест одиграни кола во групата “Д“, лидер е  Фуксе Берлин со максимални 12 бода, на второто место е Архус, трета е Бисадоа, додека Еурофарм Пелистер е четврти со два бода повеќе од Мотор. 

More from ВестиMore posts in Вести »