Поранешниот кошаркар на Пелистер, Павле Михајлоски го напушти Чаир и до крајот на сезоната ќе биде член на вицешампионот од Битола.
Михајловски се враќа во Пелистер, пред заминувањето во Скопје, каде играше во сезоната за екипата на Чаир во 2020/21.
Михајлоски веќе му е на располагање на Марјан Илиевски за дербито против ТФТ в четврток, дуел со кој се отвора 10. коло од Првата лига, а потоа ќе настапи и на третиот АБА 2 турнир што ќе се одржи на Златибор идната недела.