Press "Enter" to skip to content

Саем за вработување, практиканство и стипендии на технички факултет во Битола

На Техничкиот факултет во Битола денес се одржува првиот Саем за вработување, практиканство и стипендии, како мост за поврзување на компаниите од регионот со студентите – идни инженери.На настанот свои штандови имаа над 20 компании кои ја презентираа својата дејност, а студентите имаа можност и самите да се претстават пред потенцијалните работодавачи, да ги изнесат своите идеи и барања за овозможување практиканство.Присуството на големиот број компании ректорот на УКЛО проф. д-р Игор Неделковски го оцени како потврда дека стопанството во регионот има реална потреба од квалитетен инженерски кадар, а присуството на професорите дека и тие ја чувствуваат потребата од соработка со индустријата.-Денес посебно ме направија среќен три работи. Првата е тоа што Технички факултет го огранизира овој настан, сите професори се тука. Знаеме колку е тешко да ги убедиш нив да дојдат на ваков настан, а тоа зборува дека тие ја препознале важноста на саемот. Второ тука се компаниите за кои ние како Ректорат подготвуваме посебна програма, да ги одбираат студентите за свои вработени уште како студенти, и третата е тоа што во ова се вклучени студентите. Големиот број на студенти пак, зборува за нивната свесност дека студирањето на Техничкиот факултет им дава можност да добијат вештини со кои ќе најдат добро платена работа.Во таа смисла ректорот Неделковски најави дека УКЛО ќе ги отвори вратите за компаниите да се вклучат, преку свои стручњаци од праксата, во работата на Универзитетот и воедно ги повика да прифаќаат студенти на практична настава и меѓу нив да најдат квалитетен кадар уште во текот на нивното студирање.Деканот на Техничкиот факултет, проф. д-р Митко Костов, се обрати до сите учесници и повторно ја нагласи потребата од создавање на висококвалитетен кадар. Тој додаде дека соочиме со недостиг на висококвалификуван кадар посебно од областа на техничките науки, а тие се неопходни бидејќи токму тие се носители на воведувањето на новите технологии во практична примена во компаниите и нивниот развој.Во име на организациониот одбор кој ги организира овој настан зборуваше проф. д-р Владимир Мијаковски кој рече дека се надевам дека првиот саем ќе биде успешен, а иако се академски граѓани ќе ги прифатат сите забелешки од гостите и во идната година ќе организираат побогат саем, на радост на компаниите и студентите.На Саемот за вработување, практиканство и стипендии на Техничкиот факултет – Битола свои штандови имаа и средните училишта од Битола кои претставија свои проекти.

More from ВестиMore posts in Вести »