Во Студентскиот информативен центар на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ – Битола денес се одржаа две работилници.На студентската работилница на тема ,,Права и принципи“, проф. д-р Сашо Кочанковски од Центарот за човекови права АМОС од Битола го промовираше електронското издание на прирачникот за образование на човекови права КОМПАС, издаден од Советот на Европа, кој од неодамна е преведен на македонски јазик и е поставен на веб страницата на Советот.
На работилницата на студентите им беше предочено дека сите треба да бидат одговорни за почитувањето и заштитата на човековите права и слободи и дека секој поединец треба да даде свој придонес во тоа.
Во СИЦ на УКЛО се одржа и интерактивна работилница со проф. д-р Гордана Ристевска-Димитровска и проф. д-р Драгана Батиќ од Психолошкото советувалиште на УКЛО, на кое студентите имаа можност низ разговор да се запознаат со некои аспекти за подобрување на менталното здравје.
Целта на ваквите средби е студентите да се запознаат со работата на советувалиштето, да се рушат предрасудите во врска со барањето на психолошка помош кога тоа е потребно, но и да се зборува за потребата од личен раст и развој.
Психолошкото советувалиште на УКЛО работи во рамките на Универзитетскиот центар за кариера, доживотно учење и алумни КРЕДО и е бесплатно за студентите на Универзитетот.

Студентска работилница “Права и принципи“ и интерактивни предавања за студентите на УКЛО Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 21 степен
- Спортските екипи од основните и средните училишта од Битола добија комплети дресови од Училишниот спорт (фото)
- Во Битола “Саем на кариера 2025“ на ФИКТ на УКЛО (фотогалерија)
- Во Битола се полагаше тест за вработување во Клиничка болница Битола и општите болници во Прилеп, Охрид и Кичево (фото)
- Промовиран документарниот филм “Слободата заборавена меѓу регистрите“ (фото)