СВР Битола поднесе кривична пријава против 56 гидишно лице од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавениот, во својство на директор на средно училиште во Битола, во повеќе постапки за јавни набавки постапил спротивно од одредбите од Законот за јавни набавки околу набавка на информатичка и аудио опрема и околу промена на кровна конструкција и промена на надворешна столарија. На тој начин тој го оштетил буџетот на училиштето за сума од 738.862 денари.
Полициски службеници од полициската станица Битола поради недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали на 15.12.2022 во Битола лишиле од слобода 33 годишни лице од Битола. При преглед над истиот пронајдени и одземени се огномети и други пиротехнички средства.
Денеска (15.12.2022)во времето од 14:00-18:00 на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 136 возачи. Од нив 82 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 54 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.