Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: кривична за директор на средно училиште, продавал огномети заработил притвор, 136 санкции за брзо возење

СВР Битола поднесе кривична пријава против 56 гидишно лице од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавениот, во својство на директор на средно училиште во Битола, во повеќе постапки за јавни набавки постапил спротивно од одредбите од Законот за јавни набавки околу набавка на информатичка и аудио опрема и околу промена на кровна конструкција и промена на надворешна столарија. На тој начин тој го оштетил буџетот на училиштето за сума од 738.862 денари.

Полициски службеници од полициската станица Битола поради недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали  на  15.12.2022  во Битола  лишиле од слобода 33 годишни лице од Битола. При преглед над истиот пронајдени и одземени се огномети  и други пиротехнички средства.

Денеска (15.12.2022)во времето од 14:00-18:00 на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 136 возачи. Од нив 82 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 54 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. 

More from ВестиMore posts in Вести »