Press "Enter" to skip to content

Кошаркарите на Пелистер ја прекинаа победничката серија, поразени од ТФТ

ТФТ – Пелистер 95:90

Во првиот натпревар од 10.коло од Првата лига ТФТ ја победи екипата на Пелистер од Битола, а со тоа ја прекинаа победничката серија од 8 победи.

Првата четвртина помина во изедначена игра, а по 10 минути игра беше 29:26 за скопјаните. полувреме. Во втората четвртина домаќините имаа 37:29, во 14.минута, но “пелистерци“ не само што го надополнија, туку и преминаа во водство, по серијата од 14:5, поведоа со минимални 42:43. Домаќините имаа подобра завршница на првиот дел и на одмор се  заминаа со +6 за ТФТ, 49:43.

И третата четвртина помина слично, со слично но негативата на Пелистер стигна до 6 поени на крајот, 72:62. Пелистер најде сили да се врати со нова серија, сега од (10:4), на -5  (69:74), а на 1:47 минути пред крајот на -3 (84:87),но не успеа да дојди до конечен пресврт.

Кај Пелистер пак, одлично поентерско расположение на двоецот Карпентер (даде 30), и Мустафица кој изброја 28 поени, а имаше 11 скока, додека прв асистент со 12 успешни додавања беше репрезентативецот Стајиќ.

More from ВестиMore posts in Вести »