Press "Enter" to skip to content

Промовирана монографијата “Сексуално вознемирување на универзитетите (фотогалерија)

Во Студентскиот информативен центар на УКЛО во Битола промоврана е монографијата „Сексуално вознемирување на универзитетите во Република Северна Македонија“ од професорите од Правниот факултет од Битола: д-р Ице Илијевски, д-р Ивона Шушак Лозановска и д-р Ангелина Станојоска.Поздравни обраќања одржаа ректорот, проф. д-р Игор Неделковски, проректорот за наука проф. д-р Горан Илиќ и в.д. деканот на Правниот факултет, проф. д-р Александра Патоска.-Деновиве посебно сум среќен поради ангажманот на професорите, вчера поради организација на Саемот на технички факултет, а денес поради ново издание на професорите од Правнит факултет. Ме радува што нашите млади колеги се зафатија со работа и ја завршија на тема која мора да се потенцира, а тоа е сексуално вознемирување. Тим од ист број на професори и на суденти ќе работи на донесување на кодекс за сите, професорите и студентите, а со примена на кодексот ќе се анулираат сите вакви појави, нагласи ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски.За актуелноста на проблематиката говореа промоторите, проф. д-р Цане Мојаноски од Факултетот за безбедност – Скопје кој рече дека ја прифатил поканата да биде рецензент и промотор на монографијата на неговите поранешни студенти на Правниот факултет во Скопје и дека тројцата напишале дело кое е поделено во четири дела во кои е опфатена една чувстителна тема која е работена во ковид криза и недоверба кај инстритуциите, заради што било потешко да се анкетираат испитаниците.

Со он-лајн вклучување, професорката од Правниот факултет од Ниш Миомира Костиќ, Република Србија, беше дел од промоцијата. Станува збор за истражување во кое се сумирани резултати од девет универзитети од Република Северна Македонија, спроведено на 330 студенти – испитаници, во период од година половина.Вон. проф. д-р Ице Илијевски во разработката на поимот и појавните облици на сексуално вознемирување посочува дека сексуалното вознемирување е сложен општествен проблем и претставува една од формите на родово засновано насилство. Тој смета дека студентите не го препознаваат доволно и го поистоветуваат со други форми на сексуална деликвенција.Според доц. д-р Ивона Шушак Лозановска која во Монографијата учествува во делот на правното уредување, неопходно е универзитетите активно да се ангажираат и да пристапат кон изготвување и донесување посебни правилници за заштита од сексуално вознемирување со кои ќе се уредат комплетните постапки за заштита од овој тип негативно однесување во академски контекст. Вон. проф. д-р Ангелина Станојоска во претставувањето на виктимизација и превенција од ова негативно однесување, истакнува дека 80 проценти од студентите кои посочиле дека имале ваквото искуство им се обратиле на блиски пријатели или родители, бидејќи студентите имат недоверба кон универзитетите, во отсуство на правна рамка за заштита кога се виктимизирани.Актуелноста на темата поврзана со истражувањето предизвика голем интерес и во панел дискусијата, при што е констатирано дека со Монографијата се прави значаен чекор во  понатамошни истражувања на ова проблематика.

https://drive.google.com/file/d/1dWoHoD6cB61j6p2dvnobWUX3BKgT0QjH/view?usp=drivesdk

More from ВестиMore posts in Вести »