Во големата сала во Центарот за култура во Битола се одржа 22. издание на детскиот музички фестивал “ТРА ЛА ЛА Битола“.
На фестивалот настапија Иво Котевски со песната “РОДИТЕЛСКИ СОСТАНОК“, Николина Лазаревска и Марија Дамјановска со “ШУМАТА ПЕЕ ВО ХОР“, Лука Ристановски со “КАКО СИТЕ ДРУГИ“, Мила Калески со “БОЖИЦА И КРАЛИЦА“, Изабела Настевска со “МЕЧО ШАРПЛАНИНЕЦОТ“, Марија Петковска со “ПЧЕЛКА“.
Пред бројната публика се претставија и Клеа Дамјановска и Ема Каранѓелевска со песнаат “ЛАЛЕ, Лора Николовска со “ИГРАЊЕ И ВИОЛИНА“, Атанасиј Ѓорчевски со “СОНОТ МОЈ“, Ника Лубура со “ОД ПОНЕДЕЛНИК ДО ПЕТОК“, Антоанета Китановска со “BUONGIORNO SENORINA“ и Евгенија Ристевска со “ТИНЕЈЏ ГОДИНИ“.
-На годинашното издание настапија 12 учесници со новокомпонирани детски композиции кои оставија повеќе од прекрасен впечаток, како што доликува на манифестација која постои 22 години во континуитет и која го носи приматот за најдобра детска манифестација во нашиот град и целата држава, ни рече по завршување на фестивалот, директор на фестивалот е Тони Алексовски од име на организаторот “Асоцијација за уметност Алексовски“ од Битола.
Треба да се спомене и тоа дека за сценографијата се погрижи Валентин Светозарев, за аудио – визулените ефекти “Малче саунд продакшн“, светло Никола Ѓоргиевски, а водител беше Елена Захариевска.
Фестивалот “ТРА ЛА ЛА“ е дел од програмата на советот на општина Битола.

Нови 12 детски песни на 22. издание на детскиот музички фестивал “ТРА ЛА ЛА Битола“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Битола му оддава почит на Тихомир Јанчовски со монодрамата „Лидија или сè што знам за жените“ во UTOPIA
- Поефтини горива од полноќ за 1,5 денари
- СВР Битола: двајца битолчани и еден малолетник уапсени за дрога, две лица возеле без возачка дозволаСВР Битола: двајца битолчани и еден малолетник уапсени за дрога, две лица возеле без возачка дозвола

- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 20 степени
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
More from ЗабаваMore posts in Забава »
- На 1 август, каде и да си, во Битола да си, Здравко Чолиќ со еден ексклузивен концерт за цела Македонија
- “Ретро журка Орфеј“ во “Расчекор“ Битола донесе спомени, ритам и магија на златните 80-ти (фотогалерија + видеа)
- Вечер ретро журка Орфеј No7 во “Расчекор“, во Битола со ди-џеите Терзиевски & DJ Ile The Hair
- Ретро магија – диско журка во Битола “ОРФЕЈ ве враќа во 80-тите“ в сабота во “Расчекор“ (фото)
- Разиграна љубовна носталгија е “Магија“ на “Бузуки бенд“ (видео)









