Press "Enter" to skip to content

МКЦ Битола го промовира проектот “ENTEG“ – претриемништво за дипломирани студенти со високо образование (фото)

Во рамките на “ИНТЕРРЕГ ИПА“ Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и
Република Северна Македонија 2014-2020 вчера во Битола беше одржан промотивниот настан за проектот ЕНТЕГ – ПРЕТПРИЕМНИШТВО ЗА ДИПЛОМИРАНИ СТУДЕНТИ СО ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ.-Општата цел на проектот е да се промовира, на одговорен и интегриран начин, обуката за
претприемништво на дипломирани студенти со високо образование, со цел подобрување на претприемничкиот начин на размислување на младите дипломирани студенти за да им се овозможи да бидат самоуверени и покреативни во сé што ќе преземат и да ја подобрат нивната конкурентност кај работодавачите, поттикнување на иновативни старт ап бизниси, подобрување на нивната улога во општеството и економијата, рече Златко Талевски, извршен директор на МКЦ Битола, кој додаде:-Специфична цел на проектот е да се поттикне создавање на виртуелна лабораторија за претприемништво за да се зголеми вклученоста на младите студенти во експериментирање со нови идеи и соработка со други чинители.Во проектот ќе бидат вклучени 60 дипломирани млади луѓе од двете страни на границата, кои заедно ќе го поминат процесот на учење и градење на претприемачки вештини. За таа цел, на промотивниот настан беше објавен и јавниот повик за учесници во проектните активности од Македонија. Повикот ќе биде отворен до 31 јануари 2023 година.-Ние сме одговорни за овие дипломци за тие подобро да се претстават и како да дојдат до
вработување. Ова е проект за економската поддршка на овие млади и да се помогне младото
претприемништво, изјави Ламбрини Цoли, од Регионалниот фонд за развој на Централна
Македонија од Република Грција.Во проектот ќе бидат вклучени вкупно 60 дипломирани невработени млади луѓе од двете страни на границата, кои заедно ќе го поминат процесот на учење и градење на претприемачки вештини. За таа цел, на промотивниот настан беше објавен и јавниот повик за учесници во The project is co-financed by the European Union and national funds from the participating countries проектните активности од Република Северна Македонија.-Повикот ќе биде отворен до 31 јануари 2023 година. Ги охрабруваме дипломираните невработени млади и апсолвенти на возраст до 35 години, од Пелагонискиот регион, од различни образовни профили, од уметност до инженерство, да се вклучат во иновативна програма за унапредување на претприемачки вештини каде ќе научат техники и методи за тоа како да развијат бизнис идеја (од идеја до бизнис план), при што иновациите се во сржта на процесот, беше речено на состанокот во Битола.Проектот е партнерска соработка помеѓу Младински културен центар – Битола и COSV Координација на организациите за волонтерски услуги – Прилеп од страна на Република Северна Македонија и Регионалниот фонд за развој на Централна Македонија (водечки апликант) и Техничката комора на Грција/оддел за Централна Македонија од Република Грција. Проектот се спроведува 18 месеци со вкупен буџет од 551.840 евра од кои 85% се финансирани од Европската Унија, а 15% од буџетите на вклучените земји во програмата.

Повикот е достапен на следниот линк: https://forms.gle/BEhkbMqbLpd1W4p68.

More from ВестиMore posts in Вести »