Press "Enter" to skip to content

Пелагонискиот плански регион одржа втора форумска сесија, одредени три пилот проекти

Во хотел “Милениум“ во Битола, Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион со седиште во Битола, во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа  ја одржа втората форумска сесија од серијата на консултативни регионални форуми.-На првата форумска сесија беа детектирани и разработени повеќе регионални проблеми од чии предлог решенија се изработија предлог проекти. Учесниците на форумот и овој пат имаа успешна сесија, а целта на истата беше заеднички со партиципативен пристап да се приоретизираат предложените проекти, вели в.д.  директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, Јосиф Балтов.Од изработените предлог проекти форумот на втората форумска сесија ги приоретизираше три најрелевантни предлог проекти:

-Подобра социјалната инклузија преку изградба на инфраструктура за млади, спорт и рекреација во руралните и урбаните средини во ППР;

-Подобрување на квалитетот на живот на населението и заштита на животната средина во ППР преку планирање и инвестиции во комуналната инфраструктура;

-Поголема конкурентност на ППР преку инвестиции во локалната патна инфраструктура;

кои понатаму ќе бидат поднесени за реализација од проектниот фонд на Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа за 2023 година со индикативно планирани средства за 2024 година.Процесот е поддржан од Министерство за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка.

More from ВестиMore posts in Вести »