Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пријава за повреда со огнено оружје и приведување за поседување марихуана

На 15.12.2022 околу 16.30 во СВР Битола било пријавено дека во двор од куќа во с.Крклино, битолско, сопственост на 75 годишно лице има лице повредено со огнено оружје. Полициски службеници од СВР Битола излегле на местото и било констатирно дека лицето, додека ја чистел својата пушка марка „Застава“ во еден момент ја оставил, при што испукала кон помошен објект во дворот, а потоа го повредила  46 годишното лице од село Будаково, кој бил негов гостин. Лицето било пренесено во Клиничка болница Битола за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 15.12.2022 на ул. “Никола Тесла“ во Битола, полициски службеници од Криминалистичка полиција при СВР Битола и Полициската станица Битола го лишиле од слобода 21 годишно лице од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе ледува соодветна пријава.

More from ВестиMore posts in Вести »