Вечерва во Офицерски дом-Битола, се одржа трибина во организација на ОО на ПОДЕМ- Битола, на која се зборуваше за историскиот развој на современиот македонски јазик.На темата говореше проф. Наташа Младеновска- Лазаревска, која во својата опсежна дискусија ги опфати најзначјаните фази во развојот на македонскиот јазик, и тоа од кирилометодиевскиот период, создавањето на старословенскиот јазик и глаголицата, па се до новомакедонскиот период во развојот на јазикот, заклучно со неговата кодификација како литературен (стандарден) јазик.
Професорката Младеновска- Лазаревска рече:
-Не е случајно темата одбрана, зашто од една страна, станува збор за тема која секогаш е актуелна и отвара пат за нови и поинакви предизвици и истражувања, а од друга страна, месец декември е месец комплетно посветен на академикот Блаже Конески, со двата датума, и тој на раѓањето и тој на упокојувањето, така што актуелизирањето на содржини поврзани со македонскиот јазик се само уште една прилика да му се заблагодариме за неговата непроценлива заложба на овој план и додаде:
Ако се има предвид и тоа дека само пред една седмица го чествувавме ликот и делото на св. Климент Охридски, најдоследниот следбеник на кирилометодиевската традиција на теренот на Македонија- тогаш, впечатокот е уште посилен и поцелосен.

Трибина на ПОДЕМ-Битола за за историскиот развој на современиот македонски јазик (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- КК Пелистер по завршената сезона: лекцијата е научена, следната сезона ќе биде сезона на КК Пелистер, клубот е поставен на здрави темели
- Билтен на МВР: 72 годишник крадел засилувачи за интернет на А1, полицијата го уапси
- Првиот ракометен трофеј оваа сезона во Битола – го донесоа кадетите на Еурофарм Пелистер
- “Креативен ден 2025“ во Битола – претставување на учесниците од СУГС “Кочо Рацин“- Скопје
- На Педагошкиот факултет во Битола прв доктор на науки за надарени и талентирани во Битола (фото)