Press "Enter" to skip to content

Отслужена Вечерна-празнична богослужба за Св. Нектариј Битолски, патрон и заштитник на Битола, утре литија (фотогалерија)

Вечрва во соборниот храм “Свети Великомаченик Димитриј“, во Битола, беше отслужена празнична Вечерна богослужба со која чининачалствуваше Митрополитот Петар, заедно со свештеници од храмот “Св. Велокомаченик Димитриј“, во слава на патронот и заштитник на Битола, Преподобниот Свети Нектариј Битолски.За жал иако се одржа во спомен на заштитникот на Битола, Св. Нектариј Битолски, на богослужбата присуствуваа мал број на верници.Празнувањата за нашиот патрон и заштитник продолжуваат утре со Утринска богослужба која ќе започне со 8 часот, а потоа ќе се отслужи Света Божествената Литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар.После Светата Божествена Литургија, од  храмот “Св. Великомаченик Димитриј“, ќе тргне и ќе се изврши свечена Литија со моштите на “Свети Агатангел Битолски“, а во чест на нашиот патрон и Заштитник на градот Битола, Свети Нектариј Битолски.

More from ВестиMore posts in Вести »