Press "Enter" to skip to content

“Taskforce“ со предновогодишна забава за децата на своите вработени во канцелариите во Битола (фотогалерија)

На 17 декември 2022 година компанијата “Taskforce“ организираше предновогодишна забава за децата на своите вработени во канцелариите во Битола. Во својата најнова канцеларија опремена по светски стандарди над 250  деца имаа можност да се забавуваат и да уживаат во убавата музика, магичните трикови на прекрасниот магионичар и се разбира специјалниот гостин Дедо Мраз кој израдува и измами многу детски насмевки со подготвените поклончиња од компанијата.Нема поголема среќа од детската насмевка а колку убаво тоа изгледа кога сите заедно на едно место ја споделуваат таа насмевка.  Компанијата “Taskforce“ својата прва канцеларија ја отвори точно во Битола  пред 7 години, денес има 7 канцеларии низ Македонија и брои над 1700 вработени. Секој вработен е исклучително важен за компанијата и секој кој е дел од оваа компанија придонесува за успешноста и растот на истата. Вработените во компанијата се исклучително талентирани, амбициозни и вредни. “Taskforce“ како компанија придонесува многу за економскиот раст на градот, нуди вработување на сите млади лица кои добро го владеат англискиот јазик и сакаат да градат успешна кариера работејќи за клиенти на американскиот пазар.Но “Taskforce“ исто така како опшествено одговорна компанија постојано се грижи за своите вработени и за градот, придонесува многу со поддржување на спортски настани, настани за дарување на крв, акции за засадување на дрвца, донации во здруженија, поддршка на Фестивалот Манаки, поддршка на Театарот и многу други. Наредните денови ќе баде организирана Новогодишната забава за децата на вработените во канцелариите во Прилеп, а наредна недела ваква забава компанијата исто така ќе организира и за децата на вработените во канцелариите во Скопје.За сите кои сакаат да дознаат нешто повеќе за можностите кои ги нуди “Taskforce,“ можете да ја посетите официјалната веб-страна  www.taskforcebpo.com  и да ги следите на социјалните медиуми, затоа што се активни сите нивни отворени работни позиции, настани кои ги организираат и исто така се активни со претставување на успешните приказни на своите вработени.И  оваа статија би ја завршиле со најдобрата порака која може да се каже за децата:

-Сакајте ги, учете ги и верувајте во нив, затоа што тие се нашата иднина. 

Фото: Дејан Кузмановски