Press "Enter" to skip to content

Гимназијата “Јосип Броз – Тито“ од Битола со договот за партнер училиште од Германија

Делегација на гимназијата “Јосип Броз Тито“ од Битола оствари работната посета во Рендсбург во Германија ја предводеше директорката Лидија Споа, а беа и проф. Нина Илиќ и проф. Михаил Наумовски.

Склучен е договор за соработка и взаемна посета со “Кристиан Тим“, училиште од Рендсбург, од покраината Шлезвиг-Холштајн од Германија.

На работните состаноци, од двете работни групи, се утврдија теми за престојните проекти, термини за посета како и предлози за продлабочување на взаемната соработка.

Ова е уште еден од низата проекти кои нашето училиште ги прави за афирмација на германскиот јазик и унапредување на македонско-германското пријателство.

More from ВестиMore posts in Вести »