Press "Enter" to skip to content

Денес е Свети Никола, кој се што фатил – позлатил, се што рекол – се случило

Во Битола црква која го носи името на Св. Никола се наоѓа во населбата Боримечка, а порано црква посветена на овој светец имало кај сегашните згради “Грозд“ во центарот на Битола.

Денес на 19 декември, верниците од Битола и сите православни христијани го слават Свети Никола – Чудотворец, мир­ли­киј­ски, кој во народот е познат како, све­те­цот, кој е заш­тит­ник на де­цата, мо­реп­лов­ците, де­вој­ките, си­ро­маш­ните, уче­ни­ците, пе­ка­рите, ап­те­ка­рите, тр­гов­ците, пат­ни­ците… Милостив, вистинољубив и праведен, одеше меѓу луѓето небаре ангел Божји.

Свети Никола е познат како заштитник на морињата, а на христијанските бродови обично се наоѓа иконата на светителот, а спроти денот на славењето бродовите застануваат каде и да се наоѓаат, се фрла сидрото во морето, морнарите ќе се помолат и ќе прославуваат цел ден, а утредента ќе го продолжат пловењето.

Во македонските народни песни Св. Никола е опејан како “стар свети Никола” кој може да го одмрзне и замрзнатото море, но и кој гради цркви и манастири.

За Свети Никола, уште се вели, се што фатил  – позлатил, се што рекол – се остварило.

Све­ти Ни­ко­ла е еден од нај­по­чи­ту­ва­ни­те светци и еден од нај­са­ка­ни­те хрис­ти­јан­ски светци, па затоа и ка­то­ли­ците, но и дел од мус­ли­ма­ните, осо­бе­но во Тур­ција, а го препознаваат како Неол Баба. Поради тоа кај нас, како и во све­тот има без­број цр­кви, ма­нас­тири, ико­ни и фрески, кои се по­све­те­ни на овој све­тец, а мно­гу битолски се­меј­ства синоќа со бо­га­та, посна трпе­за го просла­ват праз­ни­кот Све­ти Ни­ко­ла.

Свети Никола е роден во ма­ло­а­зис­ки­от град Па­тара, прис­та­ниш­те на ме­ди­те­ран­ски­от брег на де­неш­на Тур­ција, жи­ве­ел во 4 век, мно­гу пред рас­ко­лот по­ме­ѓу пра­вос­лав­на­та и ка­то­лич­ка­та цр­ква од 1054 го­дина.

Не­го­ви­те бо­га­ти ро­ди­те­ли Те­о­фан и Нина, си­нот Ни­ко­ла го до­би­ле во вре­ме на вла­де­е­ње­то на рим­ски­от цар Ва­ле­ри­јан (253 – 260 го­дина), а ко­га не­го­ви­те ро­ди­те­ли ум­ре­ле во го­ле­ма­та епи­де­мија, Ни­ко­ла го раз­де­лил це­ло­то нас­ле­де­но бо­гат­ство.

Уште ка­ко де­те се ис­так­ну­вал со доб­ро вос­пи­та­ние по­ра­ди што ста­нал оми­лен и пред Бо­га и пред лу­ѓето. Го од­гле­ду­вал чич­кото, ар­хи­е­пис­ко­пот Па­таре, а по смрт­та на чич­ко му, Ни­ко­ла е из­бран за ар­хи­е­пис­коп мир­ли­киј­ски.

Бил и еден од ар­хи­е­пис­ко­пи­те што се по­ви­ка­ни пред ца­рот Кон­стан­тин на са­бо­рот во Ни­ке­ја во 325 го­дина, на првиот Вселенски собор.

Све­ти Ни­ко­ла ум­рел на 19 де­кем­ври 343 го­дина. Пог­ре­бан е во со­бор­на­та цр­ква Мир­ли­киј­ска мит­ро­по­лија, а кон кра­јот на 11 век не­го­ви­те мош­ти се пре­не­се­ни во Бари, во ма­нас­ти­рот Све­ти Јо­ван Пре­теча, откако на сон му се јавил на еден свештеник од Бари. Потоа со многу свечености неговите мошти биле пренесени од Мир (Ликија) во Бари (Италија) во 1087 година, поради што и овој датум (22/9 мај) се смета за празник на Св. Никола. (св. Николај – летен). Преданието раскажува дека светите мошти во Бари биле пречекани од мноштво народ меѓу кои имало и многу болни, слепи, глуви, сакати, душевно болни и сл. коишто доживеале исцелување. Неговите мошти се сè уште мироточиви и многу луѓе и до ден денес имаат најдено спас преку нив.

Во на­род­но­то па­ме­те­ње овој лик ос­та­нал ка­ко заш­тит­ник на пат­ни­ците, по­себ­но на оние што па­ту­ва­ат по вода, но и по тоа што ка­ко за вре­ме на жи­во­тот та­ка и по смрт­та ги по­ма­гал си­ро­маш­ните, ги заш­ти­ту­вал зат­во­ре­ни­ци­те и неп­ра­вед­но осу­де­ните, ги от­ку­пу­вал ро­бо­ви­те и ги пуш­тал на сло­бода. Во жел­ба да ос­та­не ано­ни­мен, па­ри­те не им ги да­вал на лу­ѓе­то в раце, ту­ку им ги ста­вал в џеб за да се из­не­на­дат ко­га ќе ги нај­дат, но и за да го исполни зборот Господов: „Да не знае твојата лева рака што прави твојата десна рака“ (Матеј 6, 3).

Свети Ни­ко­ла Мир­ли­кис­ки – Чу­дот­во­рец, мно­гу се­меј­ства го сме­та­ат за свој до­ма­шен заш­тит­ник и со до­маш­на слава кои со мно­гу оби­чаи го праз­ну­ва­ат не­го­ви­от спо­мен. На овој ден не се работат никакви домашни работи, не треба да се чисти, усисува, пере… Постои верување дека на тој ден никој не треба да го потсетувате на долг, ниту додатно да му ја отежнувате положбата затоа што е должник. 

По цр­ве­ни­от плашт и бе­ла­та бра­да пот­се­ту­ва на де­нес мо­дер­ни­от при­каз на Де­до Мраз. Во по­но­во време, бла­го­да­ре­ние на рек­ла­ми­те и пот­ро­шу­вач­ко­то оп­штес­тво, нај­поз­нат е ка­ко Де­до Мраз (Сан­та Клаус, скра­те­но од Сан­та Ни­ко­ла­ус – све­ти Ни­кола), а по­ра­ди не­го­во­то доб­рот­вор­ство е ле­ген­да­та за Де­до Мраз, кој во­о­чи Бо­жик би им ос­та­вал по­да­ро­ци на де­ца­та во чо­рап пред ог­ниш­тето.