Press "Enter" to skip to content

Вечерва “Татко на Татковината“, нова премиера на НТБ за годинава

Автор и режисер на најновата претстава на Народниот театар од Битола е младиот хрватски режисер Иван Пеновиќ, а битолската публика премиерно ќе ја проследи вечерва на големата сцена на НТБ.

Според зборовите на директорот на Театарот, Иван Јерчиќ искажани на средбата со новинарите по повод премиерата на Татко на Татковината,тоа е комична претстава за денешното живеење, која ќе го привлече вниманието на публиката. Првиот контакт со Македонија и со театарскиот свет во Битола, за Иван Пенковиќ е пријатно и сеопфатно изненадување и искуство.-Татко на Татковината е адаптација на култната драма ,,Кралот Иби” на Алфред Жари.Ова е претстава во претстава која ги доведува во судир двата света, оној отворено фиктивниот и оној што се преправа дека не е тоа. Притоа, сведоци сме на приказна која ги отвора прашањата на идентитетот, индивидуалниот и колективниот. Во главните улоги, како Татко Иби настапува Никола Пројчевски, а Мама Иби ја игра Викторија Стефановски-Јанкуловска.

-Верувам дека претставата никого нема да го остави рамнодушен, а со својот комичен наратив загатнува низа прашања и дилеми од секојдневието -изјави Викторија Степановска -Јанкуловска.

Во Татко на Татковината улогите ги толкуваат актерите, Мартин Мирчевски, Марјан Ѓоргиевски, Сандра Грибовска-Илиевска, Никола Стефанов, Борче Ѓаковски, Александар Стефановски, Петар Горко, Соња Ошавкова, Филип Мирчевски и Иван Јерчиќ.

Сценографијата ја изработи Валентин Светозарев, костимите се на Благој Мицевски, а музиката е на Филип Триплат и на Карло Мркша.

На средбата со новинарите беше најавена и една претстава за младата публика за престојните празнувања, предвидена за 27 декември. Тоа е песната пид наслов ,,Божикна приказна”,според длото на Чарлс Дикенс, во режија на Јовица Ристовски.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »