Press "Enter" to skip to content

Мустафица од Златибор: нè очекуваат исклучително тешки натпревари во АБА-2 лигата

Кошаркарите на Пелистер од Битола кои се во Златибор, Србија, претпладнево ги имаа последните подготовки пред пладневниот натпревар против екипата на Борац Бања Лука од 6. коло од  АБА2 лигата, кој се игра по “балон-систем“ во Златибор.

Кошаркарите на Пелистербитолчани ќе ја бркаат петтата победа сезонава, а пред натпреварот со босанскиот ривал, своите очекувања ги изнесе Недим Мустафица, кој рече:

-Нè очекуваат два исклучително тешки натпревари против Борац и Хелиос. За нас во ист момент тоа се важни дуели, бидејќи со победа би направиле важен исчекор во битката за пласман меѓу најдобрите осум.  Нашиот прв противник, Борац Бања Лука, е една многу сериозна и млада екипа, полна со елан и брзина. Мора да воведеме свој систем, со долги напади и имаме подготвена тактика. Од поразот со ТФТ излеговме само посилни, нè стигна уморот, меѓутоа продолживме да работиме со исто темпо.

More from ВестиMore posts in Вести »