Press "Enter" to skip to content

На балонот во Златибор, втор АБА-пораз за Пелистер (фотогалерија)

Од Златибор, Сашо Ристевски

Пелистер – Борац 67:89

На “балонот“ во Златибор кошаркарите на Пелистер од Битола го одиграа 6 натпревар против екипата на Борац, го забележаа вториот пораз 67:89, од квалитетен противник, кој беше подобар во целиот натпревар.Претставникот на БиХ одигра далеку подобро, а “пелистерци“ во текот на натпреварт бркаа негатива. По првата четвртина беше 16:22 за босанците, а во овој период добро на паркетот играше Хаџифејзовиќ. Во втората четвртина се одлучи победникот на овој натпревар кога екипата од Република Српска поведе со +10, (33:23). Следуваше добра игра на Пелистер, а кошаркарите намалија на 29:35, но премалку за пресврт на натпреварот, а првото полувреме заврши со 32:48 и со низок процент на реализација.Во продолжението, во третата четвртина на стартот тешки минути за “пелистерци“ , а истекот на третиот период резултатот беше 48:77. Поледоследната четфртина беше само обична формалност, за двете екипи, а натпреварот заврши со 67:89.Во тимот на Пелистер, Карутерс постигна 19 поени, Хаџифејзовиќ 15, а Карпентер 10 поени. По шест кола во регионалното натпреварување, Пелистер има четири победи и два порази.

More from ВестиMore posts in Вести »