Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: одземено возило поради фалсификована сообраќајна, скршен прозорец на “пасат“ и оставена заканувачка порака

На 20.12.2022 во периодот од 07.00 до 13.00 часот на подрачјето на СВР Битола, полициски службеници од СВР Битола спровеле координирана акција со полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ за контрола на возила и лица. Притоа, во 11.30 часот на патот Битола – државна граница со Република Грција, на место викано „Трафостаница“, бил извршен преглед на патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 22 годишно лице од село Ивањевци, битолско, и било констатирано дека сообраќајната дозвола на возилото била фалсификувана. Возилото и сообраќајната дозвола биле одземени од лицето за понатамошна постапка. 

На 21.12.2022 во 01.40 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул. „Смилевски Конгрес“ во Битола со тврд предмет било оштетено стакло на возачката врата на патничко возило „фолксваген пасат“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на лице од Битола, и дека на возачкото седиште било оставено шише на кое имало писмо со заканувачка содржина кон лице од Битола. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

More from ВестиMore posts in Вести »