Press "Enter" to skip to content

Успешна Универзитетска студентска конференција “Од студентите на УКЛО – Битола за општеството“ (фото)

Студентите на УКЛО од Битола од сите единици на Универзитетот на 21 декември 2022 година одржаа Универзитетска студентска конференција на тема: “Од студентите на УКЛО за општеството“. Студентскиот лидер на УКЛО, Душан Стевановски  со посебно задоволство го нагласи масовниот одзив на студентите на Универзотетот кои се вклучија во Конференцијата при што нагласи: -Искрено чест и задоволство ми е да сум пристуен меѓу оваа одбрана група на луѓе. Одбрани. Одбрани ве нарекувам бидејќи самиот збор Труд, стручно или научно дело, самото тоа е дејност на човекот кое бара физичко или умствено напрегање. Односно Труд. А вие тоа го вложивте. Не секој е припремен да го направи тоа. Тоа запамтете го добро. Поради тоа срдечно ви честитам. Како студент на економската наука, јас практикувам да ги следам емпириските податоци, а во овај случај сите индикатори покажуваат позитивни резултати. 16 декември, Трета факултетска студентска Конференција на ТФБ организирана од  ФСС на факултетот, тема Техника и урбаниот развој. 23 – 25 Септември, 12та меѓународна конференција, со тема Економија, бизнис, и општеството во дигитализирана средина. И сега, Универзитетска Студентска конференција, тема „Од студентите на УКЛО за општеството“.  38 Трудови, 65 Студенти, 34 Ментори. Сето ова во само неколку месеци. Мислам дека бројките зборуваат сами за себе. Не се сомневам дека како Универзитет сме имале огромен број на различни конференции во минатотото, а со тоа богато портфолио на искуство, но уште помалку не се сомневам дека во иднина ќе имаме уште многу повеќе. Во прилог на тоа УСС во нејзината програма има предвидено уште минимум 2 студентски конференции во преиодот на оваа учебна година, на кои исто како на ова очекуваме дека ќе има голем одзив, кој на некој начин како прво не придвижува како поединци кон подобри и повеќе квалитетни и стручни личности, а како заедница и општество, не исполнува, сплотува, збогатува и подобрува. Поради тоа сакам уште еднаш да ви се заблагодарм на сите за вашиот вложен ТРУД и напорна работа“.Од името на УКЛО до учесниците се обрати проректорката за студентски работи, проф. д-р Јасмина Буневска – Талевска. Таа се осврна кон поширокото академско значење на Конференцијата којашто ги обединува трудовите од  факултетските конференции, нагласувајќи ја посебно универзитетско – социјалната димензија за меѓусебно обединување, дружење и подобро запознавање кои носат и повисоки резулати и  поголема успешност. Како еден од носечките иницијатори за Универзитетската студентска конференција проректорката проф. д-р Јасмина Буневска – Талевска се осврнува и кон постигнатата  цел на Конференцијата. Да се  обединат студентите од прв и втор циклус на студии, да се подобрува степенот на индивидуална и тимска работа, поуспешно поврзување и размена со што се овозможува дополнително подигнување на свеста за глобалните промени и потреби, создавање на способност за анализа, синтеза и извлекување на сознанија за одредена проблематика што несомено имаат влијание врз личниот развој и идниот професионален раст на студентите на УКЛО. Таа оценува дека меѓу другото УСК им помага на студентите да се стекнуваат со искуство за донесување соодветни одлуки и решенија како идни академски граѓани.Покрај ова, УСК  се одржа со уште една новина.  Имено, покрај Комисијата за студентски работи задолжена за оценување на студентските трудови, студентите учесници на Конференцијата ги самоевалуираа своите презентации со што се  обезбеди потребната висока објективност  и на Конференцијата и обезбеди дополнителна вредност. Универзитетската студентска конференција се одвиваше во две работни сесии во простории на Студентскиот информативен центар. На авторите на најдобро оценетите трудови ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски им додели Пофалници. Тој изрази големото задоволство од успешно одржаната Универзитетска студентска конференција на која посебен печат и даде  забележителното учество на студентите од сите единици на УКЛО.

Универзитетската студентска конференција ќе заврши со предновогoдишна студентска забава во Porta jazz, во организација на ФСС од Техничкиот факултет – Битола. 

More from ВестиMore posts in Вести »