Press "Enter" to skip to content

Елка за искрени насмевки

Финтек компанијата за инвестирање P2P, која годинава го означи својот старт и за неполни 5 месеци успешно ја лансираше peer-to-peer платформата која е прва во Македонија и регионот, одлучи средствата наменети за компаниска прослава на празниците да ги донира во Заводот за рехабилитација за деца со оштетен слух – Кочо Рацин во Битола, кој основан во далечната 1949год и е првата социјална институција основана во Македонија, која ги постави темелите на македонската специјална едукација.-Децата, сместени во оваа установа се одлично згрижени, но она што го добив како информација е дека одамна имаат една стара елка со прашливи лампиони кои низ годините се кршеле, па решивме да им подариме нова голема елка, со нови украси. Но уште поважно ми беше, да добијам дозвола од раководството и заедно со тимот да поминеме време со овие дечиња. Она што го знам, е дека на овие деца најмногу им значи времето поминато со нив и дружењето со нови лица, надвор од рутината кога учат. И тоа беше навистина најубавиот миг за мене и мојот тим. Таква радост за една елка и такви искрени насмевки, одамна не сум видел, зошто можеби децата кои имаат регуларен живот се презаситени од сѐ. И некако тешко можеме ги изненадиме или направиме среќни, истакна Теодор Тодоровски директор на P2P, при посетата на оваа установа чии што основни дејности се санација и корекција на говор, како и специјално основно образование на деца со оштетен слух и говор и додаде:-Предлагам секој од нас, да најде начин и да помине време со овие деца на кои навистина им е потребна социјализација, а тие ќе ви подарат безброј искрени насмевки иако прв пат ве гледаат.Децата, сместени во вакви институции според бројни истражувања копнеат за социјална интеракција, а со вакви мали потези се учат и тие од мали нозе, но и ние како задница на таа социјална чувствителност, толку важна за иднината на општеството во кое живееме.